Халими во Сингелиќ: Масовно излезете на претседателските избори

06.04.2014 14:17

Лидерот на ДПА, Тачи му порача на Ахмети, дека оваа политичка битка за него е изгубена, триковите нема да му успеат, а посебно исмевањата дека носи панцир на митинзите...

Масовно излезете на претседателските избори, ние сме браќа по крв, ние сме еден народ без оглед на политичката партија, рече Илјаз Халими, кандидат за претседател на ДПА пред жителите на скопски Сингелиќ. Побара од нив да гласаат за него, бидејќи единствен кандидат Албанец.

„ДПА не се плаши од политички предизвици затоа сме дел од овие избори, да покажаме дека сме фактор и дека можеме да победиме за Албанците да не бидат веќе дискриминирани“, рече Илјаз Халими, кандидат за претседател на ДПА.

Лидерот на ДПА, Тачи му порача на Ахмети, дека оваа политичка битка за него е изгубена, триковите нема да му успеат, а посебно исмевањата дека носи панцир на митинзите.

„ДУИ додека е на власт не ги прашале граѓаните како живеат. Ниту една пара не дале за да живеат подобро, не им помогнале да се вработат. Со знамето во Зајас ги манипулираат граѓаните да глсаат за нив“, рече Мендух Тачи, претседател на ДПА.  

Пред присутните говореа и носителите на кандидатските листи во изборните единици 1 и 2 , Бесим Фазлиу и Орхан Ибараими. Според нив социјалната и економската нееднаковост е се поизразена. Ги побараа гласовите на Албанците за стават крај на дискриминацијата.

 

Наташа Јанчиќ