ДУИ во Слупчане ја почна трката за парламентарните избори
На митинг пред жителите на Слупчане Ахмети зборуваше и за проектите коишто партијата досега ги реализирала...

Ние ќе отвориме нови работна места, како што впрочем тоа и го правевме досега. Влегуваме во втората деценија која што е многу важна за сите граѓани на државава, а тоа е членството во Европската Унија и во НАТО, рече лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети со што ја почна трката за парламентарните избори.
На митинг пред жителите на Слупчане зборуваше и за проектите коишто партијата досега ги реализирала.
„Албанците секогаш имале гордост, но само ние тоа успеавме да го институционализираме. Дадовме легимитет на универзитет, вработивме околу 20.000 млади луѓе чија обврска е и понатаму да си ја зачуваат работата и да бидат одговорни, затоа што се во нивната земја. На Македонија и на земјите од регионот и треба НАТО затоа што на тој начин ќе имаме стабилност“, нагласи Ахмети.
На митингот беа претставени и кандидатите за пратеници од ДУИ за втората изборната единица. Пред жителите на Слупчане рекоа дека се генерација кои успеале да направат промени и си стојат на своите ветувања.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети останува на ставот дека на Македонија и треба консензуален претседател.
Викторија Тодоровска
