„Моето име е Горан Стефановски“ во Драмски театар
На 31-ви март на сцената на Драмски театар премиерно ќе биде изведена претставата „Моето име е Горан Стефановски“. Претставата е своевиден омаж за Горан. Таа се роди од мојата посветеност кон Горановото дело и од сеќавањето на нашето пријателство. Таа е моја исповед пред пријателот и мој сценски одговор на неговите драмски теми, рече режисерот Бранислав Микуновиќ. Во театарската претстава има одбрана актерска екипа, меѓу кои Мето Јовановски, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов...

Претставата се роди од мојата посветеност кон Горановото дело и од сеќавањето на нашето пријателство. Таа е моја исповед пред пријателот и мој сценски одговор на неговите драмски теми, рече режисерот Бранислав Микуновиќ за новата премиера на драмски „Моето име е Горан Стефановски“, која ќе биде изведена на 31- ви март.
„Сакав гледачите да излезат од претставата со длабоки емоции што ќе ги задржат во долго сеќавање. Местото за Горановата и моја средба е предодредено-драмски театар Скопје. Ова освен што е омаж за Горан, е и мој омаж за славата на Драмски театар“, изјави режисерот Бранислав Микуновиќ.
„За да се воздигне на повисоко ниво, итно е потребно е да се возобнови зградата на Драмски театар, за да биде достоен репрезент на културата и уметноста“, рече актерот Драган Спасов-Дац.
„Идентитетот не е зацртан туку се освојува од ден на ден, исто како и слободата“. Оваа мисла беше моја појдовна точка при изборот на драми и сцени, рече драматургот Бранислав Илиќ.
Александра Спировска
