Регистриран е втор сигнал од црната кутија на малезискиот Боинг
06.04.2014 14:38
Повеќе бродови и авиони се на пат кон областа каде што Кина претходно регистрираше можен сигнал...

Регистиран е и втор сигнал од исчезнатиот малезиски авион. И австралиски брод најверојатно примил сигнали од црната кутија на малезискиот Боинг. Австралиските спасувачки групи сооштија дека нивен брод примил акустичен сингнал.
Повеќе бродови и авиони се на пат кон областа каде што Кина претходно регистрираше можен сигнал, меѓутоа, се уште не може да се потврди дали примените сигнали се од малезискиот авион кој исчезна од радарите на 8 март годинава.
И авион на кинеските воздухопловни единици во истата област на површината на водата регистрирал повеќе објекти за кои се претпоставува дека се остатоци од авионот.
