Собрание

Тренчевска: За унапредување на родовата еднаквост сите треба активно да се вклучиме

29.03.2022 16:38

Целта на Стратегијата е да се унапреди родовата еднаквост, во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски.

За унапредување на родовата еднаквост треба сите активно да придонесуваме, бидејќи е клучна за демократијата и просперитетот на нашето општество, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, пред членовите на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите на чиј дневен ред беше Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026. Целта на Стратегијата е да се унапреди родовата еднаквост, во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски.

„Унапредувањето, заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото, се главни цели на Владата на Република Северна Македонија. Затоа нашите активности ги насочивме кон постигнување на родова еднаквост во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив економски, демографски и социјален развој напредок на земјата. Градиме општество во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности кои ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство“, рече министерката Тренчевска.

Министерката Тренчевска очекува до крајот на годината Законот за родова еднаквост да ја помине собраниската процедура.