Македонските јуниори преку Исланд до ЕП - Австрија
Младинската ракометна селекција на Македонија до 20 години вечерва го игра решавачкиот меч со врсниците од Исланд за освојување на првото место во 7-та квалификациска група кое води на ЕП во Австрија летово...

По триумфите над Италија и вчера против Грција, на избраниците на Зоран Петковски им е потребен и еден бод за теоретски да обезбедат нов голем настан, петти за нашиот јуниорски ракомет . Како домаќини во Охрид пред седум години последен пат бевме во мундијалската елита, а европски предизвик немаме 12 години. Во Полска 2002 бевме на чекор до бронзен медал..
Во нашиот табор размислуваат и се подготвуваат прво за триумф и славје со максимален ефект на турнирот во Скопје, па потоа за другите математички опции.
Грците одработија за нас изненадувачки совладувајки го фаворизираниот Исланд, па и денеска со победа над Италија само за престиж, зашто во тој случај немаат шанса за прво место, би ни ја олесниле работата.
Тогаш би ни одговарала и губитничката варијанта со пораз не поголем од 4 гола. Но, ако грчките надежи се опуштат и загубат од италијанската селекција во првиот меч денеска, тогаш нашата репрезентација не смее да биде поразена од Исланд.
Значи се е во рацете на македонските јуниори кои влегуваат во вистинска форма по минималната победа на Италија и убедливата против лутиот ривал Грција.
Во решавачката пресметка со фаворизираните младинци од Исланд треба да ја сочуваме и агресивноста и желбата за победа, но и досегашната рутина, смиреност, и високото ниво на игра и во одбрана и во напад за да обезбедиме позитивен резултат и место на Европското првенство.
Натпреварот Македонија – Исланд се игра во СРЦ Кале во Скопје, влезот е слободен а директниот пренос од 19 часот е на собранискиот канал на МРТ.
Квалификации за ЕП Австрија, 7. Група
Табела
1.Македонија 2-0-2 (54-44) 10
2.Исланд 1-0-1 (50-41) 9
3.Грција 1-0-1 (42-49) -7
4.Италија 0-0-2 (43-55) -12
