Промоција на книги од дијаспората
Се збогатува фондот на литература на мајчин јазик во странство, книгите се сведоштво за едно време на одредени простори, а особено се важни за младите таму, на кои ова творештво им е достапно и им помага во негувањето на мајчиниот јазик.

Издаваштвото во дијаспората има посебно значење. Негувањето на убавиот напишан збор во странски земји, е од особена важност.
Се збогатува фондот на литература на мајчин јазик во странство, книгите се сведоштво за едно време на одредени простори, а особено се важни за младите таму, на кои ова творештво им е достапно и им помага во негувањето на мајчиниот јазик.
Во организација на Агенцијата за иселеништво, во Скопје се одржа промоција на две книги од дијаспората.
Ова е можност да се презентира творештвото на писатели, поети од нашите луѓе во странство.
Станува збор за две книги, на две авторки од Хрватска- „Чувари на душата“ од Милена Златеска од Пула и „Прегратка на љубовта“ од Мирјана Мајиќ од Задар.
Промотор и рецензент е Васил Тоциновски.
Аида Николовска
