МВР
Приведен дилер во тетовско, пронајден кокаин
29.03.2022 16:51
Во дворот од неговата семејна куќа, во која со судска наредба е извршен претрес, пронајдени се околу 80 грама кокаин и две дигитални ваги...

Полициски службеници на СВР Тетово денеска го лишиле од слобода 40-годишниот Ф.К. од Џепчиште, тетовско, затоа што во дворот од неговата семејна куќа, во која со судска наредба е извршен претрес, пронајдени се околу 80 грама кокаин и две дигитални ваги.
Ф.К. е задржан во полициската станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
