Ковид- мерки
Од утре основците без маски во училиштата
29.03.2022 19:03
Оние ученици кои сакаат, ќе можат наставата да ја следат со маски на лицето.

Владата ги прифати предлозите на Главниот кризен штаб учениците од основно образование да можат да седат без маски на часовите. Оние ученици кои сакаат, ќе можат наставата да ја следат со маски на лицето.
Олеснувања на мерките има и за угостителите. Максималната исполнетост на затворените ресторани, барови и дискотеки се зголемува од 50 на 75 проценти, а на гостите кои сакаат да седат во отворените делови на угостителските објекти, повеќе нема да им се бара сертификат за вакцинација.
Таа обврска останува за влез во затворените угостителски објекти.
