Казни и кривична за Саса поради лоши услови за работа
36 000 евра казна и кривична пријава заработи рудникот САСА по вчерашната несреќа во која што настрада еден рудар. 10 инспектори од Државниот и од Техничкиот инспекторат за труд, предводени од ресорниот Министер Диме Спасов, ја проверуваат целата документација , почнувајќи од јамите до управната зграда .

Кривичната пријава е за загинувањето на рударот во март, годинава. Дел од паричната казна, 24 000 евра, САСА е казнета поради неспроведувањето лекарски прегледи за вработените, не е испитана опремата, а и немало назначено лице што ќе раководи со итната помош.
Повеќе во Дневникот на МТВ со Наташа Јанчиќ