Македонија

СОНК: Генерален штрајк од 11-ти април

29.03.2022 21:30

Од Владата попладнево информираа дека продолжува дијалогот со СОНК до постигнување заеднички договор.

Советот на СОНК на денешната седница донесе одлуката за стапување на дејностите од СОНК во генерален штрајк којшто ќе започне на 11-ти април.

„Штрајкот ќе започне на 11-ти април, а до кога ќе трае, ќе зависи од преговорите со надлежните министерства, веројатно и со делот од владините претставници или ќе трае додека не се договориме“, изјави вечер ва претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Од Владата попладнево информираа дека продолжува дијалогот со СОНК до постигнување заеднички договор.

СОНК бара усогласување на платите во образованието со миниманата плата и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места. СОНК бара корекции на платите и за вработените во градинките, како и усогласување со минималната плата во високото образование и за вработените во ученичките и студентските домови.