Фудбал

Мундијалот недостижен, Македонските фудбалери загубија од Португалија

29.03.2022 22:54

Македонските фудбалери го дадоа максимумот, но противникот кој има исклучително моќни поединци ги казни нашите грешки.

Мундијалот остана недостижен. Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Порто загуби од Португалија со 2:0 во финалето од плејофот за настап на Светското првенство во Катар годинава.

На средбата на стадионот „Драгао“ пред околу 50 илјади гледачи двоен стрелец беше Бруно Фернандеш.  Македонските фудбалери го дадоа максимумот, но противникот кој има исклучително моќни поединци ги казни нашите грешки.

Без оглед на поразот, Македонија во овие мундијалски квалификации покажа квалитет, бидејќи успеа да ги победи двете најтрофејни европски селекции, Германија и Италија.