Македонија

Денеска две седници на Комисија за европски прашања

30.03.2022 08:44

На дневен ред на 29-та седница се предлог законот за финансиска стабилност и измените на законот за репродуктивен материјал од шумски дрвја и двата во прво читање...

Собраниската Комисијата за европски прашања денеска ќе ги одржи 29-та и 32-та седница.

На дневен ред на 29-та седница се предлог законот за финансиска стабилност и измените на законот за репродуктивен материјал од шумски дрвја и двата во прво читање.

На 32-та седница се измените на законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, предлогот на закон за инспекциски надзор во животната средина, и предлогот на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета.