Кривична пријава за тргување со оружје

06.04.2014 15:23

При претресот се пронајдени една автоматска пушка со вграден нож- бајонет, како и една рамка за пушката и две рачни бомби, кои се одземени и предадени за криминалистичко техничка обработка...

Единицата за недозволена трговија со оружје при МВР, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинотелство - Скопје го предаде И.С. (37) од с. Арнакија, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“.
 
Како што сооштија од МВР,  полициските службеници од Единицата, работејќи по оперативно сознание, дошле до податок дека во домот на неговиот татко во Арнакија, каде живее и осомничениот И.С., има поголема количина огнено оружје и муниција, за кои не поседуваат соодветна дозвола.
 
„Имајќи ја предвид насилната природа на И.С., како и фактот дека против него се поднесени 11 кривични пријави за извршени вкупно 26 кривични дела проследени со насилство и имотни деликти, за што во периодот 1994/2009 му се изречени две мерки засилен надзор, две парични казни и две казни затвор, на  1 април оваа година Единицата во консултација со Јавен обвинител, а врз основа на наредба од Основен суд 1 Скопје, изврши претес во нивниот дом во Арнакија“, се наведува во соопштението од МВР.