Попис 2021

Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот 2021

30.03.2022 09:47

Директорот на државната статистика напладне ќе ги соопшти првите официјални резултати од ланскиот попис на населението. Симовски остана доследен и до крајниот рок не ги коментираше информациите за наводниот број на жители што ги објавуваа дел од политичарите и медиумите...

Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година, којшто се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година.

На настанот, како што е најавено, ќе се обратат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, заменикот-директор Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц.

Симовски остана доследен и до крајниот рок не ги коментираше информациите за наводниот број на жители што ги објавуваа дел од политичарите и медиумите.