Израел
Смртоносен напад во еврејска населба
30.03.2022 11:34
Трет смртоносен напад во Израел за една недела. Маж отворил оган кон случајни минувачи во Бнеи Брак-населба со ултраортодоксни Евреи..

Трет смртоносен напад во Израел за една недела. Маж отворил оган кон случајни минувачи во Бнеи Брак-населба со ултраортодоксни Евреи – при што беа усмртени неколку лица.
Полицијата го уби напаѓачот кој, според медиумите, бил 27-годишен Палестинец од Западниот Брег.
„Израел се соочува со бран на убиствен арапски тероризам“, изјави премиерот Нафтали Бенет.
Пред една недела, израелски Арап, симпатизер на Исламска држава, уби тројца во Бершева. За време на викендот, двајца Арапи отворија оган на автобуска станица во Хадера, при што убија двајца 19-годишни полицајци.
