САД

„Дупка“ во записите од 6-ти јануари 2021 година

30.03.2022 11:47

Комисијата на Претставничкиот дом истражува дали Трамп ги организирал своите поддржувачи преку неофицијални канали. Упадот се случи кога Сенатот требаше да ја потврди победата на Џо Бајден...

Дупка во евиденцијата на Белата куќа за случајот со Капитол Хил. Недостигаат седум часа од разговорите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на денот на нападот во Конгресот.

Записите од 6-ти јануари 2021 година покажуваат дека од 11 до речиси 19 часот, Трамп немал ниеден телефонски разговор. Пред таа пауза, разговарал најмалку со осум лица, а по прекинот – со 11.

Комисијата на Претставничкиот дом истражува дали Трамп ги организирал своите поддржувачи преку неофицијални канали. Упадот се случи кога Сенатот требаше да ја потврди победата на Џо Бајден.