Потребно е модернизирање на текстилната индустрија
Текстилниот сектор нема иднина доколку државата не стимулира набавка на нови машини. Модернизирањето на производниот процес ќе ја зголеми продуктивноста и заработувачката и ќе привлече квалификувана работна сила – сметаат економистите и стопанствениците.

Со квалификувана работна сила и дигитализација на производството текстилниот сектор може да направи исчекор од производството. Компаниите кои на пазарот нудат свои производи имаат потреба од модни дизајнери, технолози односно млада квалификувана работна сила. Просечната старост на работниците во текстилната индустрија е 54 години.
Стопанствениците бараат поддршка од државата за модернизација на машините, посебно во трудоинтензивните дејности. Економистите со став дека само така може да се зголеми продуктивноста.
Економистите и стопанствениците се согласни дека дигитализираниот производствен процес, можноста за кариерен напредок и најважно, добрата заработувачка ќе ги привлечат младите во текстилните компании.
Славица Величковска
