Во земјава живеат 1.836.713 жители
Во земјава живеат 1 милион 836 илјади 713 жители, соопшти директорот на Државниот завод за статистика, Симовски. При пописот 58,48% од граѓаните се изјасниле како Македонци, 24,30% Албанци, 3,86% Турци, 2,53 насто Роми, 0,94% Власи, а 0,87% Бошњаци.

Македонија има милион 836 илјади 713 жители. Од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци. Според официјалните податоци, бројот на жители во земјава е намален за нешто под 186 илјади или за близу 10 проценти. Вкупното попишано население е 2 милиона 97 илјади 319 лица, од кои 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци. 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи. Бројот на нерезидентното население е 260 илјади 606 лица. Пад има кај речиси сите етнички заедници, но процентот на застапеност не се разликува многу во однос на претходниот попис. Првиот човек на статистика задоволен од спроведената операција.
3 илјади 504 македонски граѓани се изјасниле како етнички Бугари, што е 0,19 проценти. Не се попишани вкупно 132 илјади 260 луѓе, за кои податоците се преземени од административни извори. Симовски додаде дека никој нема да биде изоставен по обработка на податоците од пописот, кои ќе се одвива сукцесивно по сетови. Лично смета дека никој не треба да биде казнет за бојкотот, но остава на надлежните како ќе постапат кон оние што одбија да дадат податоци.
Бројот на домаќинства е 598 илјади 632, што е зголемување за 6,1 процент, додека бројот на станови е зголемен за 20 насто. Во Скопје живеат 526 илјади и 502 лица, што споредбено со пописот од пред 20 години е зголемување за 4 проценти. Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места. Во наредните месеци ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите и за домаќинствата. Просечната старост е 40,08 години и има повеќе жени од мажи.
Анита Д. Велковска
