Пандемијата создаде нови ризици за трговија со луѓе
Ковид пандемијата создаде нови ризици за трговија со луѓе. Според Обединетите Нации на глобално ниво 7 од 10 жртви се жени, 1/3 деца. Во земјава зголемен бројот на откриени жртви. Од 48 случаи, 39 се жртви на трудова експлоатација, која е најчеста. Вклучен алармот кај надлежните. Се подобруваат националните политики, превенцијата и подигањето на јавната свест се врвни приоритети.

Жените и децата најподложни на трговија со луѓе. Според обединетите нации на глобално ниво 7 од 10 жртви се жени, 1/3 деца. Во земјава зголемен бројот на откривање жртви. Од 48 случаи, 39 се жртви на трудова експлоатација. Според надлежните, присилниот труд преовладува во производството на стоки и давањето на услуги во различни компании.
„Најризични сектори што се идентификувани не само во државата туку и пошироко се секторите земјоделие, градежништво како и производство на храна и слично“, изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
„Бројот на луѓе тргувани заради трудова експлоатација се покачил на 25 милиони. Профитот од трговија и присилен труд се поголеми од профитот на корпорацијата ЕПЛЛ“, изјави Валијант Ричи – координатор-ОБСЕ.
Ковид пандемијата создаде нови ризици и предизвици за жртвите на трговија со луѓе. Трговците, интернетот го користат како алатка за кривичните активности.
„Пандемијата придонесе да се сменат методите на трговија, трговците на луѓе се повеќе се потпираат на интернетот како алатка за нивните кривични активности. Главно регрутирање преку огласување на лажни можности за вработување, а исто така има и онлајн понуди за сексуални услуги каде што деца жртви на трговија се огласуваат како да се возрасни“, изјави Клеменс Која-шеф на мисијата на ОБСЕ.
„Со одолговлекување на пандемијата и останување без работа како една од последиците на кризата, голем дел поединци одлучија да замижат и да прифатат било каква понуда за работа честопати под стандардите коишто порано за нив биле прифатливи“, изјави Магдалена Несторовска – Национален координатор.
Според меѓународната организација на труд повеќе од 40 милиони луѓе се наоѓаат во модерно ропство.
Наташа Г. Петрушевска
