Тројца повредени во сообраќајка додека чекале автобус

06.04.2014 16:32

Момче на 19 години со возило удрило во киоск до кој стоеле двете девојки и момчето. По несреќата едната девојка е на интензивно лекување, момчето е задржано на трауматологија, додека другата девојка е пуштена на домашно лекување...

Три лица  на возраст од околу 20 години се повредени синоќа околу 23 часот во тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Парзитански одреди“, во близина на хотел „Карпош“ во Скопје, кога автомобил удрил во нив додека чекале автобус.
 
Момче на 19 години со возило удрило во киоск до кој стоеле двете девојки и момчето. По несреќата едната девојка е на интензивно лекување, момчето е задржано на трауматологија, додека другата девојка е пуштена на домашно лекување.
 
Како што информираат од полицијата, возило „ауди“ прво удрило во „пасат“, а потоа и во киоск на автобуската станица и повредило три лица што стоеле таму.
 
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека 19-годишниот возач немал возачка дозвола, а автомобилот не бил негов и не бил регистриран.
 
Причините за несреќата засега се непознати. Направен е алкотест на возачот. Со него бил и 17-годишен совозач.