Затворен случајот „Извиднички камп“
Констатирано е дека во конкретниот случај нема ниту еден од елементите кои се дефинирани во Кривичниот законик како производство и дистрибуција на детска порнографија...

Обвинителството го затвори предметот „Извиднички камп“. Нема елементи на детска порнографија и простор за постапување за настанот на Првиот скопски извиднички одред, организиран од 24-ти до 26-ти септември во Зелениково.
Откако Обвинителството ја добило пријавата од родител на учесничка, во која било наведено дека настанот намал само едукативен карактер, туку имало елементи на детска поргнографија, обвинителството ги испитало учесниците во кампот и одзело мобилен телефон на еден од водичите за анализа на податоци.
На крајот, констатирано е дека во конкретниот случај нема ниту еден од елементите кои се дефинирани во Кривичниот законик како производство и дистрибуција на детска порнографија или друго кривично дело, со што случајот е затворен.
