Над 750 функционери не пријавиле имотна состојба
Антикорупциска го усвои извештајот за минатата година. Констатирано – многу функциониери не ја запазиле обврската за доставување податоци за имотната состојба...

Останува проблемот на несовесно однесување на функционерите. Минатата година дури над 750 од нив не доставиле навремено или воопшто податоци за имотната состојба, по почетокот или по завршувањето на нивниот мандат, велат од комисијата. Антикорупциска издала 85 прекршочни глоби.
Биле проверени податоците што ги дале 15 членови на владата за кои комисијата имала оправдани причини да изврши проверка. Такви проверки се вршени и за судии, градоначалници и претседатели на управни одбори. Комисијата констатирала дека над 50% од активностите не можела да реализира поради тоа што измените на голем број закони чекаат заглавени во собраниска процедура.
Седум значајни институции не реализирале ниту една активност, СЕММ и ЗНМ се со над 60 процентна исполнителност, додека министерствата за информатичко општетство и за здравство беа посочени како некооперативни во смисла на доставување податоци за нивните активности.
Фиљана Кока
