Свет

Телефонски разговор Бајден-Зеленски

30.03.2022 19:30

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден за новите санкции против Русија. 

„Само што го завршив получасовниот разговор со претседателот на САД. Заеднички ја проценивме ситуацијата на бојното поле и на преговарачка маса. Разговаравме за нов пакет санкции и заострување на постоечките казнени мерки“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека разговарале и за поддршка во одбраната на Украина, како и за макрофинансиска и хуманитарна помош.