Заев во посета на Арачиново и Орланци
Ми правите огромна чест што ме пречекавте во толку голем број. Ви се заблагодарувам за гостопримството. Овде сум првпат, но не и последен. Ќе се гледаме почесто, рече Заев во Арачиново...

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска беше во посета на скопските села Арачиново и Орланци каде побара поддршка за претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори, пренесе МИА.
Ми правите огромна чест што ме пречекавте во толку голем број. Ви се заблагодарувам за гостопримството. Овде сум првпат, но не и последен. Ќе се гледаме почесто, рече Заев во Арачиново.
Македонија, додаде тој, заслужува вистински претседател. Претседател кој ќе биде во функција на сите граѓани, а не на власта. Ние можеме и мораме да избереме таков претседател, истакна лидерот на СДСМ.
Според него, во Македонија има соживот, но на земјата и се потребни промени.
