Војна

Во Украина досега загинале 1.189 цивили од кои 98 се деца

30.03.2022 20:04

Реалниот број на цивилни жртви веројатно ќе биде далеку поголем, затоа што е тешко да се одреди бројката во областите кои се најмногу погодени од борбите...

Од почетокот на руската инвазија врз Украина се потврдени 1.189 цивилни жртви, меѓу кои 98 деца, соопшти денес високата комесарка за човекови права на ОН, Мишел Бачелет.

Според неа, реалниот број на цивилни жртви веројатно ќе биде далеку поголем, затоа што е тешко да се одреди бројката во областите кои се најмногу погодени од борбите, како што е случајот со Мариупол, пренесува Би-Би-Си.

Цивилите трпат немерливи страдања, а хуманитарната криза е загрижувачка, предупреди таа и додаде дека има значително зголемување на стапката на смртност меѓу цивилите во опколените градови.