Во март Алфите привеле 384 лица

06.04.2014 16:49

Припадниците на единицата за прв одговор и интервенија - Алфа во текот на минатиот месец при вршење на редовна мотопатролна дејност извршиле легитимирање на вкупно 1705 лица, преглед на 334 автомобили, а по разни основи приведени се вкупно 384 лица, соопштија од МВР.

Лицата биле приведени по основ на телеграма -45 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 9,  под сомнение за извршено кривично дело –73, по извршено кривично дело – 34,  на лице место во вршење на кд – 17, за издржување на казна затвор –5,  утврдување на идентитет – 7, недозволени предмети – 7, и странски државјани со нерегулиран престој во РМ – 3.