Македонија

Мешовитата историска комисија го одржува 18-тиот состанок во Скопје

31.03.2022 11:13

На маса се забелешките дадени од бугарската страна за средновековниот период за македонските учебници по историја за седмо одделение, откако претходно во Софија беа разгледани и македонските забелешки за бугарските учебници за 6-то одделение...

На маса се забелешките дадени од бугарската страна за средновековниот период за македонските учебници по историја за седмо одделение, откако претходно во Софија беа разгледани и македонските забелешки за бугарските учебници за 6-то одделение.

Шефот на македонскиот дел од комисијата Драги Ѓоргиев најави дека доколку продолжи позитивната атмосфера може да се постигне договор за средновековието, а потоа ако остане време, може да почне дебата за евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.

Комисијата веќе достави предлози до македонската и бугарската Влада за заедничко чествување на пет личности од средниот век, Цар Самуил, Свети Кирил и Методиј, Свети Наум и Свети Климент.