Евроинтеграции

Во Софија средба Петков-Вархеји

31.03.2022 11:30

Бугарскиот премиер Петков и еврокомесарот Вархеји разговарале за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, од аспект на интензивниот дијалог меѓу Скопје и Софија.

Еврокомесарот за проширување Вархеји во мисија во Софија, каде со државниот врв разговарал за можноста за отстранување на бугарската блокада на почетокот на преговорите.

Бугарскиот премиер Петков и еврокомесарот Вархеји разговарале за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, од аспект на интензивниот дијалог меѓу Скопје и Софија.

„Во разговорите бугарската Влада ги брани позициите на Бугарија и за првпат има сериозна поддршка во ЕУ за новиот пристап кон Скопје“, изјавил Петков по средбата со Вархеји.

Бугарскиот премиер ќе учествува на работната средба на општините од двете држави во Сандански во делот на програмата за прекугранична соработка во периодот 2021-2027. На овој состанок, македонската делегација од 25 градоначалници од пограничниот регион ја предводи министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој ќе има средба со својот бугарски колега Гроздан Караџов.

Целта е зајакнување на прекуграничната соработка со заеднички проекти финансирани од ЕУ од ИПА фондовите, како и размена на искуства за развој на општините и нивна дигитализација.