Изборен законик

Изборниот законик пред пратениците

31.03.2022 12:18

На Собраниска седница, пратениците треба да се произнесат по предлог-измените на Изборниот законик, поднесен од помалите партии...

На Собраниска седница, пратениците треба да се произнесат по предлог-измените на Изборниот законик, поднесен од помалите партии. Бараат Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален модел, без изборен праг.

Пред 10-на дена предлогот доби зелено светло од Комисијата за политички систем. Се најавува и јавна расправа во која ќе можат да се вклучат сите партии, невладиниот сектор, ЕУ и ОБСЕ/ОДИХР.

Засега нема консензус меѓу парламентарните партии. Власта и опозицијата декларативно со поддршка, но и натаму различни ставови во однос на бројот на изборните единици.