Закана од глобален раст на цените на храната
„Војната во Украина ќе има глобално влијание и ќе нанесе штета на светската безбедност со храна, бидејќи многу украински земјоделци, наместо да произведуваат пченица за светот, се борат против Русија“, изјави директорот на Светската програма за храна на ОН Дејвид Бизли.

Предупреди дека војната во Украина посебно загрозува некои земји како Египет, кои добиваат 85 проценти од житарките од Украина и Либан.
Украина и Русија произведуваат 30 проценти од светската пченица, 20 проценти од пченката и околу 80 проценти од сончогледовото масло, а Светската програма за храна купува 50 проценти од житарките од Украина.