Франција
Макрон и натаму фаворит на претседателските избори
31.03.2022 12:35
Макрон би можел да освои 28 насто од гласовите во првиот круг од изборите на 10 април. Ле Пен 21 насто...

Францускиот претседател Макрон и натаму фаворит на претседателските избори. Но, кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен ја намалува разликата.
Макрон би можел да освои 28 насто од гласовите во првиот круг од изборите на 10 април. Ле Пен 21 насто.
Трет во трката ќе биде кандидатот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон со 10,5 насто од гласовите. Според експертите во Франција по две години од пандемијата на коронавирусот и конфликтот во Украина, најважните избори се во втор план.
