10 милиони евра инвестиција на Диатек во „Скопје 1“

06.04.2014 17:05

Диатек е глобален лидер во дигиталната индустријата. Има претставништва во Швајцарија, Франција, САД и Германија...

Италијанската Диатек е компанијата која ќе отвори фабрика во индустриската зона Скопје 1. Инвестицијата е вредна околу 10 милиони евра. Ќе се вработата 200 луѓе. Искуствата на инвеститорите како Технохозе и Џонсон Мети и средбата со владиниот тим на роуд шоуто во Италија, биле клучни за раковството на компанијата, за помалку од 5 месеци да одлучи да инвестира во земјава  .

„Оваа компанија освен 200 директни вработувања кои ќе ги креира, ќе создаде и многу индиректни вработувања, бидејќи компанијата планира овој производствен погон да биде за пазарите на Југоисточна Евроипа и медитеранот, тоа значи и Блискиот Исток и Северна Африка“, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Викотр Мизо.

Диатек е глобален лидер во дигиталната индустријата. Има претставништва во Швајцарија, Франција, САД и Германија. Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо смета дека оваа инвестиција ќе привлече  и  други компании од северот на Италија.

„За разлика од американската компанија во Кичево со која можам да кажам дека преговорите течеа пет и пол години, со оваа компанија преговорите траеа нешто помалку од шест месеци. Се надевам дека поради оваа компанија на македонскиот пазар ќе пристигнат и други компании, посебно од северот на Италија кој е економски развиен и кој гледа на Македонија како позитивна бизнис дестинација“, изјави Мизо.

Очекувањата се компанијата да почне да се гради во втората половина на годинава, а да почне со работакон средината на 2015-та. Компанијата вработува 800 луѓе во светот  и има годишен обрт од 200 милиони евра.

 

Викторија Тодоровска