Ковид-19

СЗО: Сериозноста на Ковид-19 постепено ќе се намали

31.03.2022 12:41

Организацијата смета дека најверојатното сценарио е дека вирусот што предизвикува Ковид-19 ќе продолжи да се развива, но сериозноста на болеста ќе се намалува...

Светската здравствена организација објави план со можни сценарија за пандемијата со Ковид-19 до крајот на оваа година.

Организацијата смета дека најверојатното сценарио е дека вирусот што предизвикува Ковид-19 ќе продолжи да се развива, но сериозноста на болеста ќе се намалува со текот на времето поради зголемениот имунитет од вакцинација и закрепнување.