Воен конфликт

За утре закажана нова рунда преговори

31.03.2022 13:16

Руските сили прогласија прекин на огнот во Мариупол. Киев тврди – станува збор за манипулација – Русија се подготвува за голема офанзива во Домбас. Регистрирана е зголемена акомулација на руските трупи во источна Украина, соопшти претседател Зеленски. За утре закажана нова рунда преговори.

Украинските сили се подготвуваат за нови руски напади на истокот на земјата. Регистрирана е акумулација на руски трупи кои, според Киев, ќе го нападнат Донбас. Ветувањата на Москва за радикално намалување на офанзивата кај главниот град и Чернихив не се доволни ни за Украина ни за западните земји.

„Немам ни зборови ни време, но имам посилни емоции и задачи. Ова е моментот. Пресвртната точка кога е неопходно да зборуваме само за суштинските нешта. Преговорите продолжуваат, но засега тие се сведени само на зборови без детали. Русија ги зголемува трупите за нови напади во Донбас, и ние се подготвуваме за ова. Не веруваме никому“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според украинските власти, руската федерација потврдила дека е подготвена да отвори хуманитарен конвој за Мариупол со транзит преку Бердјанск.

„Пративме 45 автобуси кон Мариупол. 28 треба да добијат дозвола за да минат низ руските контролни пунктови во Василјевка. 17 автобуси заминаа од Запорожје. Ќе направиме се за да им осигуриме влез на автобусите во Мариупол и да ги евакуираме луѓето кои не успеале досега да заминат“, изјави премиерката на Украина Ирина Верешчук.

Мировните преговори продолжуваат утре, но во онлајн формат. Делегација од украински пратенички допатува во Вашингтон за да лобира за поголема поддршка од САД.

„Бараме да се отстрани оваа вештачка поделба на офанзивно и дефанзивно оружје. Ние ја браниме својата земја, секое оружје е дефанзивно. Треба да ги истераме руските војници од нашата земја, потребно ни е секакво оружје“, изјави пратеничка во украинскиот Парламент Анастасија Радина.

„Путин не може да го запреме со изјави, барања, војната нема да запре бидејќи неговата цел е да ја елиминира земјата, украинскиот народ. Токму тоа го прави во Мариупол. Овој град е масовна гробница, ова е геноцид“, изјави пратеницка во украинскаиот Парламент Јевгенија Кравчук.

Во меѓувреме, украинската страна обвинува за нови ракетни напади врз складиште за гориво во Дњепар. Засега нема податоци за жртви.

Европската банка за обнова и развој прогнозира дека руската економија годинава ќе се намали за 10%, додека бруто-домашниот производ на Украина ќе падне за дури 20%.

Маја С. Филдишев