Решение на проблемот со аерозагадувањето во Кочани ќе се бара и од странски институции
Мора да се најде решение за проблемот со аерозагадувањето во Кочани, согласни се граѓаните и локалната власт. Граѓанските активисти проблемот го лоцираат во неефикасноста на институциите, заради што се подготвуваат за барање помош од странство.

Во организација на невладиниот сектор се одржа трибина за решавање на проблемот со аерозагадувањето во Кочани. Се бара ревизија на А интегрираната дозвола на Пејпер Мил, решавање на проблемот со отпадните води од фабриката и изработка на анализа за влијанието на загадувањето врз здравјето на граѓаните
Собирањето потписи за актуализирање на проблемот е во тек, до сега поддршка дале околу три илјади граѓани. Доколку домашните институции не реагираат бргу, еколошкиот проблем на кочанчани ќе се најде пред странските надлежни институции и амбасади
Не е само фабриката за хартија еко проблем во Кочани. Аерозагадувањето е резултат и на палењето отпад и честото палење на стрништа.
На трибината во Кочани немаше претставник од Министерството за животна средина, а надлежниот инспектор кажа дека ја контролираат работата на компанијата и до сега неколку пати им изрекле санкција. Но според граѓанските активисти компанијата никогаш не платила глоба.
Славица Величковска
