Да сопре урбанизацијата на езеро Младост, бараат екологистите
Крајбрежјето и околината на езеро Младост да останат за посетителите, да не се урбанизираат. Реакциите дојдоа откако Советот ја донесе програмата за уредување на градежно земјиште.

Потребно ли е и натаму да продолжи урбанизацијата и градењето на просторот околу езеро Младост. Ова е дилемата која се актуализира меѓу јавноста во Велес и која е присутна меѓу велешани од почетокот на годинава. Реакциите дојдоа откако Советот ја донесе програмата за уредување на градежно земјиште.
Екологистите сметаат дека треба да остане постојана состојба, овој однос на 80 отсто од искористеноста и уште 20 отсто што не треба да се продава. Крајбрежниот појас на езерото, кое е вештачка акумулација, треба да остане за рекреација и одмор за велешани и на сите коишто доаѓаат на неговите брегови.
Терминологијата која се употребува ја доведе во заблуда велешката јавност, вели градоначалникот Колев. Се носи одлука за програма за уредување на градежно земјиште, која не значи и дека слободните парцели ќе се продаваат
На езерото Младост има четири хотели, станбена населба, и забавен парк со повеќе содржини, донација од ЕУ. Езерото е изградено 1960 година со намена акумулација за наводнување на околните полиња.
Петар Печков
