Здравство

262 нови случаи со Ковид-19

31.03.2022 14:31

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи изнесува 1.770.

Соласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, Прилеп - 11, Куманово – 8, Делчево - 6, Тетово и Кичево  - по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгелија – по 4,Кочани – 3, Гостивар, Ресен, Валандово и Крушево – по 2,Сруга, Неготино, Свети Николе Радовиш и Виница  – по 1. Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции.

Регистрирани сe 326 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (87г), во болнички услови. Кај починатото лице (1) е регистриран коморбидитет.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи изнесува 1.770.

Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на Ковид-19.