Економијата главен адут на политичките партии
Економијата во фокусот на програмите на двете најголеми политички партии. На престојните избори, токму економскиот раст и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните ќе бидат клучните прашања околу кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе водат битка за глас повеќе на изборите...

64 илјади нови работни места се обврза да обезбеди владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Освен намалувањето на невработеноста, влез на странски инвестиции, поддршка за најранливите категории на граѓани, развој на земјоделието,но и поквалитетно образование како и континуирано подобрување на бизнис климата се клучните економски цели во програматана ВЦМРО-ДПМНЕ.
Социјалдемократите најавија дека ќе ја враќаат средната класа.
Ветуваат дека домаќински ќе работат со народните пари и нема да ги задолжуваат идните генерации, ќе овозможат еднаков третман на домашните со странските инвеститори, ќе водат зајакната буџетска дисциплина и ќе воведат прогресивно оданочување.
За универзитетскиот професор Сашо Кожухаров, важно е програмите кои се презентираат да бидат исполнителни, а не празни ветувања.
„Програмата на едната или на другата кои се во случајот опозицинери или на власт овозможува споредби на желби и можности. Ние не можеме да генерираме активности поврзани за убедувања кои не можат да се остварат. Прашањето не е на партиската програма туку на иднината на економскиот систем кој треба да овозможи пропулзивност која ќе овозможи искористување на главните стопански гранки кои овозмозуваат раст“, изјави професорот Кожухаров.
Предизборната пресметка на партиите започна.
Соња Јованова- Наумовска
