Театар

„ГЛУМиЦИ“ на сцената на Младинскиот културен центар

31.03.2022 15:24

„ГЛУМиЦИ“ е најновата претстава во продукција на независното здружение „Артопија“, а на сцената на Младинскиот културен центар ќе изведена денес и утре...

„ГЛУМиЦИ“ е најновата претстава во продукција на независното здружение „Артопија“, а на сцената на Младинскиот културен центар ќе изведена денес и утре.

„Прашање е дали ГЛУМиЦИ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и верувањето. Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе. Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правеле токму ова. Да пробаме заедно, па ќе видиме“, стои во најавата од МКЦ.

Претставата е поддржана од Град Скопје и Министерство за култура. Сценографијата е на Ненад Тонкин, а музиката на Дино Имери.