Обојте го плакарот
Новина е бојата помеѓу сина и виолетова, може да се носи со тексас, крем, розева и други бои.

Обојте го плакарот со нови бои на облеката, кои се актуелни. Пред сѐ, одберете крем боја, која всушност никогаш не ни излегува од мода, дава елеганција и софистицираност и лесно се комбинира со други бои.
Новина е бојата помеѓу сина и виолетова, може да се носи со тексас, крем, розева и други бои.
Црвено- портаколовата е впечатлива, но и придонесува за добро расположение. Најсигурен избор е да ја носите само неа, на пример фустан во оваа боја.
Маслинесто зелената е исто така присутна, најчесто за здолништа и панталони. И оваа боја дава можности за многу комбинации со други бои, но најубаво оди со бела, крем и црна.
Присутни се и нежни нијанси, како розева и сина, а исто така кафена и жолта.
Аида Николовска
