Битиќи: Податоците од пописот се појдовна точка за креирање нова визија за развој на нашата земја
Сметам дека резултатите од вчерашниот попис покажаа неколку работи коишто недостигаат. Во овој момент во државата се одвива процес на креирање на Националната развојна стратегија која што би требало да и даде правец на државата во наредните 10-20 години, посочи Битиќи.

Податоците од пописот се појдовна точка за креирање нова визија за развој на нашата земја, вели вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Смета дека резултатите покажаа неколку работи коишто недостигаат. Во тек е креирање на националната развојна стратегија за наредните 10 до 20 години.
Сметам дека резултатите од вчерашниот попис покажаа неколку работи коишто недостигаат. Во овој момент во државата се одвива процес на креирање на Националната развојна стратегија која што би требало да и даде правец на државата во наредните 10-20 години, посочи Битиќи.
Јас ги гледам податоците и резултатите на пописот како бројки во коишто треба сите заеднички да работиме. Да работиме за сите наши сограѓани коишто за жал во овие 20 години не напуштиле за да креираме една подобра иднина за да се вратат, да работиме за нашите генерации, за нашите деца за да не одат за да после 10 години жалиме што отишле. И тоа е за мене најбитно од резултатите од пописот, рече Битиќи.
