Македонија
Пожар во магацин за детски играчки во Штип
31.03.2022 15:41
Во гаснењето на пожарот се вклучени четири противпожарни возила и 15-мина пожарникари. Напомош на штипските пожарникари, пристигнаа екипи од Свети Николе и Кочани.

Зафатен од пожар магацин со детски играчки во Штип. Запален е смет во непосредбна близина, а поради силниот ветер огнот го зафатил и објектот.
Во гаснењето на пожарот се вклучени четири противпожарни возила и 15-мина пожарникари. Напомош на штипските пожарникари, пристигнаа екипи од Свети Николе и Кочани.
Пожарот е локалнизиран и не е проширен на соседните објкети.
