Македонија

Крводарителска акција во пресрет на Светскиот ден на здравјето

31.03.2022 16:16

Дарувањето крв е највисокиот чин на алтруизам, вели министерот за здравство, Сали. Организирана крводарителска акција во пресрет на Светскиот ден на здравјето…

Ако со моите 120 дарувања крв сум спасил и еден живот јас сум горд и среќен човек, вели Мирко Инчевски. Нагласува-ќе продолжи да дарува.

Во акцијата за дарување на скапоцената течност се вклучија и министри, здравствени работници и активисти на Црвениот крст.

Во текот на ковид-пандемијата во Институтот за трансфузиона медицина не се почувствуваа недостиг на крв и крвни деривати, вели директорот, д-р Садула Усеини.

Карванот за вакцинација продолжува. Министерот Сали оценува – не се сосема задоволни од досегашниот одзив на вакцинацијата. Особено со првата доза.

Конечните бројки за имунизацијата ќе се знаат на крајот од кампањата, вели Сали.

Билјана Јанакиеска