Раст на индустриското производство за 6,3% во февруари
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи пораст од 25,2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 9,6 %.

Индустриското производство во февруари годинава пораснало за 6,3%, во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи пораст од 25,2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 9,6 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи пораст кај Енергија за 14,6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 14,6 %, Капитални производи за 3,2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 61.5 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 %.
Индустриското производство во периодот јануари – февруари 2022 година, во однос на периодот јануари- февруари 2021 година, пораснало за 3,6%.
