Судски совет

19 судови меѓу кои и Врховен, не работеле ажурно

31.03.2022 17:14

19 од 34 судови во земјава, меѓу кои и Врховен, не работеле ажурно, оценуваат во Судскиот совет. Се воведува нова методологија за ефикасноста и унапредување на судиите. Советот ќе го разгледува и присуството на судијата Нанев на мечот Македонија- Италија во Палермо...

Врховниот, четирите апелации и 15 основни судови во земјава не работеле ажурно. Ова го потврди Судскиот совет од кадешто велат дека генерално судовите во земјава го совладале приливот на предмети. За да се зголеми ефикасноста, но и да се запази реалното напредување во службата се воведува методологија, преку АКМИС системот, со која секој судија преку мерливи резултати ќе биде оценуван.

Во јавноста побуди интерес присуството на претседателот на кавадаречкиот суд Нанев на натпреварот Македонија-Италија во Палермо. Дали има евентуално прекршување на етичкиот кодекс, оценка треба да следува од Здружението на судии.

Лани биле поднесени 142 барања за утврдување одговорност на судиите. Биле разрешени седуммина, а од почетокот на годинава се поднесени уште 17 барања до Советот да утврди дали судиите работеле законски.

Анита Димитријевска Велковска