Дигитална писменост и транспарентни институции против дезинформации
Неопходно е зајакнување на дигиталната писменост, транспаренти институции со квалитетни услуги и одговорност на секој поединец кому и како ги дава личните податоци, се главното „оружје“ против дезинформациите, против злоупотребата на дигитализацијата. Младите со знаењата треба да бидат пример за дигитална отпорност...

Ниската доверба во институциите станува плодна почва за дезинформациите. Потребни ни се медиумска и дигитална писменост. За комуниколозите клучот е во транспарентните и квалитетни услуги на институциите.
Во ерата на дигитализацијата има нарушување на личните податоци. Потребни се одговорност на компаниите и на секој поединец - каде и кому дава податоци.
Европа станува светска референтна сила за дефинирање фер и транспарентни правила, за заштитата на правото на приватност и на личните податоци, за заштита од говорот на омраза.
Писменоста за клучна ја смета и претседателот Пендаровски, а дезинформациите се покажуваат токму во вакви времиња обременети со кризи. Ги повика младите, носителите на знаењето и вештините, да бидат пример за дигитална отпорност.
Елизабета Митреска
