Невреме

Силен ветер откорна покрив од зграда во Охрид

31.03.2022 20:03

За среќа во моментот кога кровот паднал, немало минувачи. Оштетен е само еден паркиран автомобил.

Невреме во Охрид. Силниот јужен ветер откорна кров од зграда на улицата „Галичица“ и оштети станови во соседна зграда, пренесуваат локалните медиуми.

За среќа во моментот кога кровот паднал, немало минувачи. Оштетен е само еден паркиран автомобил.

Во текот на денот, поради силниот ветер на езерото се подигнале и големи бранови, кои предизвикале помала штета во куќите покрај брегот во стариот дел од градот. Ветерот соборил и бандера на една од градските улици.