Еден натпревар казна за Стоилов, 60.000 денари за Вардар
При тоа се водеше од членот 114 во дисциплинскиот правилник на РФМ, според кој навреда на судии, официјални лица на натпреварот или на лица од управата на РФМ се казнува или парично или со суспензија до 10 натпревари.

Дисциплинската комисија при РФМ изрече казна за Вардар и за Стојанче Стоилов, поради случувањата на дербито со Еурофарм Пелистер, во саботата. Стоилов влезе во вербална пресметка со судиите Начевски и Николов, поради што доби црвен картон, па дисциплинската комисија му изрече забрана за настап во траење од еден натпревар.
При тоа се водеше од членот 114 во дисциплинскиот правилник на РФМ, според кој навреда на судии, официјални лица на натпреварот или на лица од управата на РФМ се казнува или парично или со суспензија до 10 натпревари.
Тоа значи дека Стоилов нема да игра в сабота, на гостувањето кај Еуфорарм Пелистер 2. Вардар како клуб, пак, доби парична казна во износ од 60.000 денари.
