Фудбал

Македонија скокна пет места, сега е 62-ра на светот

31.03.2022 18:50

Иако Италија е актуелен европски првак, победата над неа донесе само пет позиции напредок според овој систем на бодување, кој не дозволува големи скокови како порано, кога сме сведочеле и за прогрес од двоцифрен број позиции.

На денешната најнова ранг-листа на ФИФА, Македонија скокна само пет позиции, па во месец април ќе влеземе како 62. репрезентацјиа во светот. Иако Италија е актуелен европски првак, победата над неа донесе само пет позиции напредок според овој систем на бодување, кој не дозволува големи скокови како порано, кога сме сведочеле и за прогрес од двоцифрен број позиции.

Дури и Италијанците не претрпеа пад, останаа шести на светот, Португалија и понатаму е осма, а промена има на самиот врв. Бразил го презеде и ја потисна Белгија на второ место, пред Франција, Аргентина и Англија, кои ја затвораат првата петка.

Македонија сега е 11 позиции подобро рангирана од Бугарија, која е нашиот следен противник, на 2 јуни, кога ќе ја отвориме новата сезона во Лигата на нации. Преостанатите два противника од тамошната група, Грузија и Гибралтар го држат 86. односно 203. место.